Синоќа на терените во НБА лигата се одиграа осум натпревари. Најнеизвесната беше онаа помеѓу Сакраменто и Мајами, каде домаќинот победи по две продолженија всо 123:118
На 52 секунди до крајот на регуларниот дел Домантас Сабонис израмни на 102:102, а резултатот не се промени. Кралевите можеа да победат во првото продолжение, но Кеон Елис постигна само едно од двете слободни фрлања на секунда пред крајот за 112:112.
Сепак, во вториот кошаркарите на Сакраменто стигнаа до победа. Демар Дерозан постигна девет од 11-те поени на Кралевите, а натпреварот го заврши со 30 поени. Литванецот, Сабонис оствари троен ефект со 21 поен, 18 скока и 11 асистенции. За Сакраменто троа беше петата победа во низа.
Феникс Санс ја прекинаа серијата од четири порази. На гостувањето кај Филаделфија, „Сонцата“ славеа резултат 99:109. Бредли Бил мечот го заврши со 25 поени и Кевин Дурент со 23 поени беа најдобрите стрелци во победничката екипа.
По серијата од девет победи, Њујорк Никс синоќа го претрпе третиот последователен пораз. Во „Медисон Сквер Гарден“, пред своите навивачи, Њујорк загуби од Орландо со 94:103. Во отсуство на четворицата главни стрелци, Меџик до победата го предводеше Кол Ентони со 24 поени и седум скока.
Четвртиот трипл-дабл сезонава го оствари Јанис Антетокунмпо, кој забележа 11 поени, 12 скока и 13 асистенции, во победата на Милвоки Бакс на гости со 104:128 против Торонто Репторс. Кај Бакс најефикасен беше Демијан Лилард со 25 поени и пет скока.