Македонските ракометари се подготвуваат за настапот на Мундијалот во Хрватска. Атмосферата полека се подгрева, а поддршката за ракометарите стигнува секојдневно.
така беше и на денешниот тренинг кога во посета на репрезентацијата дојдоа Премиерот, Христијан Мицкоски и Министерот за спорт, Борко Ристовски.
Тие на ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојниот Мундијал.
Во знак на благодарност за поддршката, селекторот Лазаров на Премиерот, Мицкоски му подари персонализиран дрес.