На тенискиот турнир во Бризбејн кој е своевидна увертира за првиот Гренд-слем во годината Австралија опен познати се полуфиналистите. Меѓу четворицата че го нема најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.
Имено Ѓоковиќ кој во моментов е седмо рангиран на светската листа е елиминиран во четвртфиналето од Американецот, Рајли Опелка кој е дури на 293-тото место на АТП ранг листа.
Во мечот што траеше точно 100 минути, американскиот тенисер го доби во два сета.
Во правиот (7:6) по двајцата тенисери ги освојуваа геловите на свој сервис, па во тај-брејкот Опелка беше подобар со 8-6 на поени. Во вториот сет решавачки беше четвртиот гем кога Американецот направи брејк, па на крајот го доби сетот со 6:3.
Противник на Опелка во полуфиналето ќе биде Французинот, Џовани Мпетши Перикард 31-во рангиран тенисер на АТП листата.
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат Чехот, Јири Лехечка и Бугаринот, Григори Димитров.