Повод новото учеството на машката ракометна репрезентација на Македонија на Светско првенство, денеска беше обновена соработката со долгогодишниот партнер Македонски Телеком.

На прес-конференцијата присуствуваа Извршниот директор на Телеком, Никола Љушев, претседателот на РФМ Живко Мукаетов, селекторот Кирил Лазаров и капитенот Филип Кузмановски.

„ Благодарен сум што ја продолжуваме оваа успешна соработка, која верувам ќе трае долго.

Ме радува што пак ќе играме во Вараждин, град во кој имавме големи успеси и радост.

Што се однесува до првенството, очекувам најмалку три победи“,

изјави Живко Мукаетов, претседателот на РФМ.

Светското првенство ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Хрватска, Норвешка и Данска.

Македонија ќе игра во Вараждин против Унгарија, Холандија и Гвинеја, а во втората рунда продолжуваат три селекции. Тоа е и првата цел на репрезентацијата која доколку се оствари, ќе остане во Вараждин, а противници ќе ги има трите првопласирани од Ц групата, Франција, Австрија, Карат и Кувајт.