Машката ракометна репрезентација на Македонија го заврши краткиот одмор за новогодишните празници.
Избраниците на Кирил Лазаров од денеска повторно со работни обврски. Тие продолжуваат подготовките за Светското првенство.
По oдработениот прв дел од овие подготовки во Стара Пазова, каде беа одиграни и три контролни натпревари, македонските ракометари ќе се подготвуваат во Скопје се до Божиќ.
Сега во тимот ќе го нема левиот бек Михајло Младеновиќ, па Лазаров на располагање ќе има 19-мина ракометари.
На 8 јануари црвено-жолтите ќе одиграат контролен натпревар против Хрватска на гостински терен. Потоа ќе бидат финализираат подготовките за шампионатот што почнува на 14 јануари.
Ден подоцна Македонија ќе го одигра првиот натпревар, а противник ќе биде Унгарија. Во група А, чиј домаќин е Вараждин противници на нашите ракометари ќе бидат и селекциите на Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).