На тенискиот турнир во Бризбејн кој е своевидна увертира за првиот Гренд-слем во годината Австалија опен познати се четвртфиналистите.
Новак Ѓоковиќ (7. АТП ранг листа) во осминафиналето за 1 час и 14 минути во два сета го доби Гаел Монфис (55. АТП). До дваесеттиот триумф во исто толку меча против Французинот, српскиот тенисер стигна со идентични 6:3 по сетови.
Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде Американецот, Рајли Опелка.
293-то рангираниот тенисер на АТП листата направи големо изненадување откако по два тај-брејка и речиси два игра го совлада Италијанецот, Матео Арналди кој е 37-мо рангиран во светот.
АТП Бризбејн, осминафинале:
Јакуб Меншик – Душан Лајовиќ 6:3, 6:2
Рајли Опелка – Матео Арналди 7:6 (9), 7:6 (4)
Џовани Мптеши Перикард – Френсис Тиафо 6:4, 7:6 (4)
Новак Ѓоковиќ – Гаел Монфис 6:3, 6:3