Машката ракометна репрезентација на Македонија со пораз го заврши првиот дел од подготовките за Светското првенство 2025-та.
На седмиот дел од подготовките во Стара Пазова, Македонија е поразена од домашната селекција на Србија со 29-34.
Иако Србите нема да настапуваат на Мундијалот, оваа подмладена селекција го користи периодот за воигрување. Победите над српските екипи Нови Београд и Динамо Панчево, беа само загревање за првиот вистински испит на избраниците на Кирил Лазаров. А, него тие не го положија.
Очигледно дека црвено-жолтите ќе мора дополнително да вложат повеќе труд доколку сакаат да бидат конкурентни на Мундијалот. А, до него има уште 16 дена.
Ракометарите за новогодишната ноќ ќе се вратат дома, а по кратката пауза заминуваат за Хрватска. Таму ќе се одработат завршните подготовки, а последниот тест ќе го имаат против ко-домаќинот на шампионатот Хрватска.
Потсетување дека Македонија ќе игра во групата во Вараждин каде за противници редоследно ќе ги има Унгарија, Холандија и Гвинеја. натпреварите ќе се играат на 15, 17 и 19 јануари 2025-та.