Дербито на 18.коло во Серија А, меѓу Јувентус и Фиорентина, донесе ефикасен дуел во кој беа постигнати четири гола, но немаше победник.

На натпреварот во Торино, Јувентус и Фиорентина одиграа 2-2.

Французинот, Кефрен Турам два пати се запиша во листата на стрелците за „старата дама“. Во 20.минута Турам му донесе предност на Јуве, која ја анулираше Мојсес Кеин во 38-мата минута за 1-1. Тоа беше и резултат со кој се замина на одмор на полувремето.

Во вториот дел, Французинот повторно ја затресе мрежата на виолетовите во 48-мата минута за водство од 2-1. Сепак гостите од Фиренца не се предадоа, па преку Солти во 87.минута стигнаа до ново израмнување 2-2 што беше и конечен резултат.

Со по еден освоен бод, двата тима останаа на истите позиции сега со 32 бодови. Така Фиорентина е петто пласирана, а Јувентус е шесто, но тимот од Фиренца има одиграно еден натпревар помалку.