Во првите два натпревари од 12.коло на Првата машка кошаркарска лига, екипите на Кожув и Феникс направија изненадувања.

Кошаркарите на Кожув повеќе од убедливо славеа во дуелот против Чаир. На натпреварот во Гевгелија, домаќините победија со 23 поени разлика (86-63). Ако во првите 12-тина минути гостите беа за нијанса подобри се останато мина во знакот на Кожув. За гевгелиската екипа тоа е четврта победа во низа, а за чаирчани четврти по ред пораз.

Уште поголемо изненадување преставува победата на Феникс во дуелот со повеќекратниот шампион Работнички. Дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“ беше решен во последните пет минути, а им припадна на домаќините со 73-71.

Денеска се играат уште три натпревари, а колото и календарската година утре ќе го затворат Гостивар и Вардар.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
Среда

ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ 73-71
КОЖУВ – ЧАИР 86-63
18.00 МКК КУМАНОВО – ТФТ во тек
18.00 МЗТ СКОПЈЕ – ШКУПИ во тек
18.30 ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ во тек
Четврток
18.00 ГОСТИВАР – ВАРДАР