Машката репрезентација на Македонија го одработува првиот дел од подготовките за Светското првенство. Македонските ракометари од неделата се во Стара Пазова, Србија.
Избраниците на Кире Лазаров денеска ја имаат првата контрола. Тие играат пријателски натпревар со српската екипа Нови Белград.
До настапот на Мундијалот, црвено-жолтите ќе одиграат уште три контролни натпревари.
Следниот веќе за два дена (27 јануари – петок) против екипата на Динамо Панчево, а тоа на 29 декември со репрезентацијата на Саудиска Арабија.
По враќањето во Скопје и краткиот одмор за новогодишните празници, подготовките ќе продолжат во Хрватска каде последниот тест ќе биде против ко-домаќинот на шампионатот.
А, на првенството што почнува на 14 јануари, македонските ракометари ќе играат во групата во Вараждин.
Таму редоследно на 15, 17 и 19 јануари ќе играат против Унгарија, Холандија и Гвинеја.