Со денешниот собир во Скопје, машката ракометна репрезентација на Македонија ја почна „операцијата“ Светското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров ја имаше првата прозивка на 20-мината ракометари кои се најдоа на неговиот последен список.
Селекцијата веднаш отпатува за Стара Пазова, Србија, каде ќе го одработи првиот дел од подготовките. Таму ќе биде до новогодишните празници, по што завршните формата ќе се темпира во Скопје.
На Божиќ (7 јануари), ракометарите ќе замината за Хрватска, каде ќе одиграат и контролен натпревар, пред стартот на шампионатот.
Македонија во првата групна фаза редоследно ќе игра против Унгарија (15 јануари 2025), Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).