Фаворитите не дозволија изненадувања во денешните натпревари од Втората машка кошаркарска лига. На програмата беа три непроверени од последниот 11-то есенско коло.
Лидерот на табелата Соколи пред својата, штипска публика, го совлада вториот состав на Работнички. Уште од самиот почеток Соколи покажаа дека се апсолутни фаворити. Рано создадоа двоцифрена предност која постепено ја зголемуваа. На крајот, Соколи славеше со 23 поени разлика.
Голема неизвеснот имаше на „езерското дерби“ одиграно во салата „Биљанини Извори“. Домаќинот Охрид иако во најголемиот дел од натпреварот имаше предност, сепак на крајот Струга беше таа што се радуваше на победата.
Гостинска победа остварија и кошаркарите на Бутел и тоа во Струмица кај ФМП еден од двата тима кои имаат по само една победа.
Штипските Соколи ќе презимат на првото место на табелата, а Црн Дрим барем до утре ќе биде второ пласиран. Стружани ќе ги чекаат исходите од утрешните три натпревари, пред се дербито меѓу Маџари и Борец баскет.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Сабота
СОКОЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018 98-75
ОХРИД – ЦРН ДРИМ 91-93
СТРУМИЦА ФМП – БУТЕЛ 71-78
Недела
14.30 АНГЕЛИ – МЕГА БАСКЕТ
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ПАРТИЗАН ВОДНО САНС
19.00 МАЏАРИ – БОРЕЦ
ТАБЕЛА: Соколи 20 бодови, Црн Дрим 19, Ангели 18, Борец баскет 18, Маџари 17, Охрид 16, Бутел 16, Мега баскет 15, МЗТ Скопје У.Б. 14, Работнички 2018 12, Струмица ФМП 12. Партизан Водно Санс 11
*Екипите имаат одиграно натпревар повеќе од останатите