Актуелниот германски шампион Баер Леверкузен ја впиша деветтата победа сезонава во Бундес лигата, седма во низа во сите натпреварувања.

Популарните „фармацевти“ го совладаа Фрајбург пред своите симпатизери со убедливи 5-1.

Четири од петте голови за домаќините ги постигна Чехот, Патрик Шик. Во листата на стрелци се запиша и Вирц кој промаши пенал на 0-0.

Баер Леверкузен е втор на табелата со 32 бодови, четири помалку од минхенски Баерн, а пет повеќе од Ајнтрајт кој е трет.