Кошаркарите на МММ Куманово ја остварија седмата првенствена победа. Во водениот натпревар од 11.коло кумановци го надиграа Вардар со 95-67.

Се беше јасно уште по првото полувреме по кои домашното состав на МКК Куманово на одмор замина со 25 поени предност (52-47). Првиот период избраниците на Марин Докузовски го добија со 14, а вториот додадоа уште 11 поени разлика. Второто полувреме беше само чиста формалност, па на крај кумановци славеа со 28 разлика.

Со оваа победа МКК Куманово изби на втората позиција на табелата. Кумановци имаат бод помалку од ТФТ, а еден повеќе од МЗТ Скопје, Чаир, Пелистер и Работнички.

Сепак табелата ќе претрпи промени повеќе од јасно имајќи во предвид дека останатите пет натпревари ќе се играат викендов.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО

Сабота
12.00 ПЕЛИСТЕР – ТФТ
17.00 КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ
Недела
17.00 ГОСТИВАР – ЧАИР
18.00 ТИКВЕШ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 ФЕНИКС – ШКУПИ
Петок
МКК КУМАНОВО – ВАРДАР 95-67