Собранието на Македонската кошаркарка федерација (МКФ) не го доживеа својот крај.
Жолчна, мачна дебата, на која претходеше видливо расположение за промени во федерацијата председателот Антиќ го прекина.
На истото учествуваа 47 членови, од вкупно 52 со право на глас. Мнозинството делегати изразија незадоволство од работата на досегашниот претседател Перо Антиќ. Тие побараа промена на Антиќ по што започна ,,натегањето”.
Најгласен во одбраната на Антиќ беше поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, кој во отсуство на поддршка, ,,верглаше” безначајна теза.
Циркузијадата да биде поголема, дискусијата на прекинатиот собрание, продолжува.
Антиќ не отстапува и несака да ја постави на дневен ред точката за гласање на негова доверба. Своето самоволие тој го продолжува на нему својствен начин.