Екипите на Маџари и Црн Дрим впишаа нови победи во Втората кошаркарска лига. Во натпреварите од 10.коло тие славеа против Мега Баскет и МЗТ Скопје У.Б.

На дуелот во Прилеп, составот на Маџари беше подобар од домаќинот Мега баскет со 84-74. Во текот на целиот натпревар гостите беа оние кои го контролираа резултатот, а на моменти имаат и двоцифрена предност. Истата искусниот тим предводен од тренерот Тодоровиќ не им дозволи на прилепчани да им ги „замрсат сметките“.

Голема борба и неизвесност имаше на натпреварот во Струга каде гостуваше вториот тим на МЗТ Скопје. Победникот беше решен по продолжението, а на триумф се радуваше Црн Дрим со 97-94.

Со овие победа, Маџари и Црн Дрим сега се веднаш зад лидерот Соколи кој денеска славеше против Партизан Водно Санс.

Промени на табелата секако ќе има, но за тоа на кои позиции ќе дознаеме утре по дуелите во Велес и Бутел.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО

Сабота
ПАРТИЗАН ВОДНО САНС – СОКОЛИ 83-106
ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 97-94 (по продолжение)
МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ 74-84
Недела
13.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – АКАДЕМИЈА ФМП
16,00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ГКК ОХРИД
16.00 БУТЕЛ – АНГЕЛИ

ТАБЕЛА: Соколи 18 бодови, Маџари 17, Црн Дрим 17, Ангели 16, Борец баскет 16, Мега баскет 15, Охрид 14, МЗТ Скопје У.Б. 14, Бутел 13, Партизан Водно Санс 11, Работнички 2018 10, Академија ФМП 10.
*Екипите имаат одиграно натпревар повеќе