Фудбалерите на Баерн неочекувано загубија на гостувањето во Мајнц, а тоа го искористи шампионот Леверкузен за да ја направи разликата помала.

Големо изненадување прореди Мајнц кој во 14. коло од Бундес лига и на домашен терен го победи минхенски Баерн со 2:1.

Кореецот, Јае Сунг Ли беше творец на победата со двата гола постигнати во 41-вата и 60-тата минута. Голот за баварците го постигна Лерој Сане на три минути пред крајот.

За разлика од Баерн, актуелниот шампион Баер Леверкузен беше сигурен. „Фармацевтите“ како гости беа подобри од Аугсбург со 2:0. Се беше решено во првото полувреме. Стрелци за избраниците на тренерот Чаби Алонсо беа Мартин Териер во 14-тата и Флоријан Виртц во 40-тата минута.

Сега тимот од Леверкузен кој е втор на табелата, заостанува во однос лидерот Баерн само четири бодови.