Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае противниците во квалификациите за СП 2026 година.
Во Цирих ќе биде извршена ждрепката за 12-те групи кои ќе бројат по четири или пет репрезентации. Репрезентациите кои ќе играат во група од пет, ќе започнат со квалификациите во март, а оние во групи од четири во септември. Сите групи завршуваат во ноември 2025 година.
Македонија за прв пак една ждрепка ќе ја чека од третиот квалитативен сад.
Тоа значи дека црвено-жолтите неможе да играат против: Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина Шкотска, Албанија, Република Ирска, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска и Израел.
Прв фудбалски Мундијал со 48 репрезентации
Само победниците ќе се пласираат на Мундијалот.
Дванаесет второпласирани во групите, заедно со четирите најдобри од Лигата на нации ќе играат во плејофот (баражот). Четирите најдобри ќе ја пополнат бројката од вкупно 16 репрезентации од Европа што ќе играат на СП.
Фудбалскиот Мундијал кој ќе се одржува во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година, ќе биде првиот со 48 репрезентации.