Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ги дознае противниците во квалификациите за СП 2026 година.
На ждрепката Цирих, Македонија беше сместена во „Ј“ група во која за противници ќе ги имаме селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Репрезентациите се поделени во 12-те групи кои бројат по четири и пет селекции. Оние што ќе играат во група од пет, како Македонија, ќе започнат со квалификациите во март. Натпреварите во групите со четири репрезентации ќе почнат во септември. Сите групи завршуваат во ноември 2025 година.
Само победниците ќе се пласираат на Мундијалот.
Дванаесет второпласирани во групите, заедно со четирите најдобри од Лигата на нации ќе играат во плејофот (баражот). Четирите најдобри ќе ја пополнат бројката од вкупно 16 репрезентации од Европа што ќе играат на СП.
Фудбалскиот Мундијал кој ќе се одржува во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година, ќе биде првиот со 48 репрезентации.