Големото македонско ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра пред полни трибини.
Како што информираат од таборот на домаќинот Еурофарм Пелистер, картите за саботната мега пресметка се распродадени.
Откако денеска беа пуштени во продажба, картите за овој натпревар беа распродадени за рекордни седум (7) минути.
Тоа значи дека во сабота, салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде исполнета до последното место, а нејзиниот капацитет е околу 3.500 седишта.
Саботното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во терминот од 18 часот.