Ноќеска се одиграа само два натпревари во НБА лигата, а беа дел од четвртфиналето на НБА Купот.
Оклахома на домашен терен полесно од очекувањата го победи Далас со 118:104 и влезе во полуфиналето на Западот.
Шаи Гилиус-Александер беше најдобар победникот со 39 поени, а во поразениот тил, Лука Дончиќ одигра потпросечно. Словенецот одигра под својот стандард, а за 40 минути постигна 16 поени.
За Далас ова е прв пораз по седум последователни победи и со „скор“ 16-9 се наоѓа на 4.место на Западот. Оклахома е лидер на конференцијата со скор 19-5, а во полуфиналето на Купот ќе игра против победникот од дуелот Хјустон – Голден Стејт.
На истокот, Милвоки го победи Меџик со 114:109 во натпревар полн со пресврти.
Во текот на првите три четвртини, Орландо беше главно во минимално водство. Во последната „Бакс“ серија од 11-0 поведе, но „Меџик“ возвратија со осум поени за водство со 106:103 на минута пред крајот. Демјан Лилард и Јанис Антетокумпо ја презедоа одговорноста кај Милвоки и го одведоа својот тим до полуфиналето.
Гркот натпреварот го заврши со 37 поени, Лилард со 28 поени и девет асистенции, па Милвоки во полуфиналето ќе го чека победникот од дуелот Њујорк – Атланта.