Големото македонско ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во сабота во Битола.
Дуелот од 15.коло што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ ќе почне во терминот од 18 часот. Како што информираат од таборот на пелистерци, картите за дербито ќе се продаваат веќе од утре (среда).
Победата е императив секако за двете екипи, а особено за домашната.
Имено Е.Пелистер досега претрпе два порази, од Алкалоид и Вардар, па заостанува два бода во однос на конкурентите на првенствената табела.
Првиот меѓусебен дуел одигран во рамките од 4.коло го добија вардарци со 27-24.