Продолжуваат натпреварите на Европското ракометно првенство во женска конкуренција. Денеска во Виена, на програмата се дуелите од 3.коло на четвртфиналната група 2.

Неа ќе ја отворат селекциите на Холандија и Швајцарија дуел во кој Холанѓанките се фаворитки и само со победа можат да ги задржат шансите за полуфинале.

Норвежанките се веќе со една нова во топ четирите. Тие имаат максимални 6 бодови. Доколку попладнево одиграат нерешено со Германија, Норвежанките и теоретски ќе го осигрураат своето место во полуфиналето.
Победата е императив и за Германките кои заостануваат 4 бодови зад Норвежанките, односно 2 зад останатите конкурентски селекции за второто место.

Во последниот денешен натпревар ќе играат репрезентациите на Данска и Словенија. Ракометарките на Данска имаат 4, а Словенките 2 бода, па јасно е дека победата повеќе им треба на Словенките за да се надеваат на полуфинале.

Од групата 1 пласман во полуфиналето веќе обезбедија репрезентациите на Унгарија и Франција кои утре во меѓусебен дуел ќе решаваат за првото место.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (жени)

Група II –2 коло
15:30 Швајцарија – Холандија
18:00 Норвешка – Германија
20:30 Данска – Словенија

ТАБЕЛА:
1. Норвешка 6 бодови
2. Данска 4
3. Холандија 4
4. Словенија 2
5. Германија 2
6. Швајцарија 0

Ивона Кимовска