Со одигрувањето на денешните натпревари од 19.коло, заврши првиот, есенски, дел во Првата македонска фудбалска лига.

Екипата на Силекс ќе презими на првата позиција на табелата се до средината на февруари следната година.

На пет од шесте натпревари беа постигнати голови, освен на дербито во Тетово меѓу Шкендија и Гостивар.

Тоа го искористија конкурентите пред се Силекс кој со победата над Вардар изби на 1.место на табелата. Некогаш големо дерби, а сега дуел на тим кој се бори за титулата, домашниот и оној за опстанок, гостинскиот, им припадна на кратовци со 1-0. Победничкиот гол беше постигнат во 28.мата минута преку Ефтимов, а пред се благодарение на очајната проценка на гостинскиот голман Гачевски. Набргу домаќините останаа со играч помалку откако Донов заработи директен црвен картон. Во второто полувреме и Вардар остана со 10-мина откако Србинот, Ѓуриќ заработи црвен картон. Во финишот (84) кратовци останаа и без Брауновиќ кој заработи втор жолт картон, но вардарци не го искористија тоа, па резултатот не променет.

Екипата на Работнички лесно и убедливо славеше во дуелот против Пелистер со 3-0.

По два изведени корнери домашниот тим постигна два гола. Прво Мазари во 15.минута, а потоа и Регхба во 28-мата погодија за водство на Работнички со 2-0. Само што почна вториот дел (47) по една брза контра Мазари втор пат се запиша во листат на стрелци за 3-0.

„Езерското дерби“ му припадна на шампионот Струга ТЛ кој со 2-1 ја победи Воска Спорт.

До триумфот стружани дојдоа со двата гола на Христијан Малевски (45+1 и 86). Голот за гостите го постигна Осеи (82).

Во Гостивар, екипата на Шкупи како гостин славеше минимално со 1-0 во дуелот со Беса. Гостите до триумфот дојдоа благодарение на несреќниот автогол на голманот Захов. Упатената топка по ударот на Диене се одби од грб на Захов и заврши во мрежата на гостиварци.

Важна победа оствари и Тиквеш кој во Кавадарци ја совлада АП Брера со 2-0. Манасиевски во судиското дополнение на првиот дел (45+1) го постигна првиот, а Стојковски во 89.минута вториот гол за Тиквеш. Натпреварот го одбележаа и трите црвени картони во последните десетина минути, два за домаќините и еден на гостинските фудбалери.

Следува пауза во мак-фудалет се до викендот 15 и 16 февруари 2025-та, за кога се предвидени натпреварите во Првата и Втората лига.

Сите голови од денешните натпревар за кратко ќе може да ги гледате овде.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 19 КОЛО

ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 0-0
СИЛЕКС – ВАРДАР 1-0
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-0
СТРУГА Т.Л. – ВОСКА СПОРТ 2-1
ТИКВЕШ – АП БРЕРА СТРУМИЦА 2-0
БЕСА – ШКУПИ 0-1

#ТимНатПНИГоловиБ
1.Силекс18114327:837
2.Шкендија18107130:1237
3.Работнички18107126:837
4.Гостивар1898126:935
5.Струга ТЛ1895423:2132
6.Шкупи1864826:2522
7.Пелистер184779:1819
8.АП Брера 1854921:3119
9.Тиквеш182887:1714
10.Беса18341114:2613
11.Вардар18341113:2913
12.Воска спорт18261016:34 12