Екипите на Борец баскет и Соколи ја продолжија победничката доминација на домашните тимови во 9.коло во Втората кошаркарска лига.

На дуелите одиграни денеска во Велес и Штип, Борец и Соколи славеа против Црн Дрим и МЗТ Скопје У.Б.

Велешани брзо го заборавија минатонеделниот пораз, па денеска во „малото“ дерби славеа над струшкиот тим Црн Дрим со 87-73.

Штипските Соколи беа уште поубедливи во натпреварот во вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. кого го поразија со 40 разлика (93-53).

Со овие победи и скор (7-2 победи-порази), Борец и Соколи се израмнија во лидерот на табелата Ангели. Трите тима имаат една победа повеќе од Маџари и Црн Дрим, а две од Охрид и Мега баскет.

Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот на двете последно пласирани екипи на табелата.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО

денеска (недела)
БОРЕЦ БАСКЕТ – ЦРН ДРИМ 87-73
СОКОЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 93-53
утре (понеделник)
13.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ВОДНО САНС
одиграни вчера (сабота)
МАЏАРИ – БУТЕЛ 79-73
ОХРИД – МЕГА БАСКЕТ 76-77
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018 97-72

ТАБЕЛА: Ангели 16 бодови, Соколи 16, Борец баскет 16, Маџари 15, Црн Дрим 15, Охрид 14, Мега баскет 14, Бутел 13, МЗТ Скопје У.Б. 13, Работнички 2018 9, Партизан Водно Санс 9, Академија ФМП 8.