Во второлигашката македонска конкуренција се одиграа три натпревари од деветтото коло. Сите тие завршија со победи на домашните екипи.

Најинтересниот дуел го одиграа Маџари и Бутел. Гостите беа одлични во првото полувреме кое го добија со двоцифрена предност. Сепак на стартот на второто Маџари со низа од 14-0 ја „стопија“ предноста на противникот. Избраниците на Мишо Тодороивиќ одиграа одлично во одбраната, а таквата игра им донесе и резултат. Го свртеа во своја полза, поведоа и не ја испуштија предноста до крајот, па заслужено се радуваа на шестиот триумф.

Со оваа победа Маџари изби на втората позиција на табелата со бод помалку од водечкиот Ангели кој славеше над Работички 2. На домашен триумф се радуваше и Охрид во дуелот со Мега Баскет.

Во исчекување на останатите натпревари, пред се утрешните, сега е уште поголема „гужва“ на позициите од горниот дел на табелата, оние што водат во плејофот.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО

Сабота 7 декември
МАЏАРИ – БУТЕЛ 79-73
ОХРИД – МЕГА БАСКЕТ 76-66
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018 97-72
Недела 8 декември
13.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ЦРН ДРИМ
18.00 СОКОЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
Понеделник 9 декември
13.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ВОДНО САНС

ТАБЕЛА: Ангели 16 бодови, Маџари 15, Борец баскет 14 (-1 натпревар помалку), Соколи 14 (-1), Охрид 14, Црн Дрим 14 (-1), Мега баскет 14, Бутел 13, МЗТ Скопје У.Б. 12 (-1), Работнички 2018 9, Партизан Водно Санс 9 (-1), Академија ФМП 8 (-1).