Македонскиот репрезентативец и член на актуелниот првак Еурофарм Пелистер, Никола Митревски беше еден од најзаслужните за победата на Висла.
Митревски натпреварот од 10.коло го заврши со 13 успешни интервенции, а една од нив се најде на третото место на најдобри одбрани.
Воедно со својот настап Митревски си обезбеди место и во најдобрите седум, односно тимот на колото во Лигата на шампионите.