Веќе подолг период ја нема анализата што вообичаено ја правеше Судиската комисија при ФФМ.

Во прволигашката конкуренција честопати сме сведоци на погрешен судски одлуки. Затоа неминовно се поставува прашањето, кога конечно ќе се воведе т.н. ВАР технологија!?

Ова е само пример од претпоследното есенско коло во ПМФЛ, кој доволно говори дека ВАР мора да биде воведен во најскоро можно време.

На натпреварот меѓу Гостивар и Силекс, во 68.минута, Дарко Глишиќ (Гостивар) упати центаршут во шеснаесетникот на Силекс. Топката го погоди Никола Брауновиќ (Силекс) во рака кој беше во шеснаесетникот на кратовци. Главниот судија Марјан Младеновски по консултација со помошниците, не досуди пенал во корист на домаќинот. На крајот овој натпревар заврши нерешено без голови.

ФОТО: МФЛ.МК