Осум национални федерации и официјално испратиле пријави за организирање на ФИБА Евробаскетот 2029 година, потврдија од европската зона на Светската кошаркарска федерација.

Естонија, Финска, Германија, Грција Литванија, Холандија, Словенија и Шпанија се имињата на земјите од кои ќе бидат одредени домаќините на наредниот собир на најдобрите европски селекции.

А согласно со принципите на ФИБА, половина од нив ќе бидат со „добитна комбинација“ односно ќе го поделат „домаќинството“ на 43-тото Европско првенство.

Естонија и Холандија се единствените држави на оваа листа кои никогаш не биле во улога на организатор на финалната фаза од турнирот за Евробаскетот. Финска би можела да биде првата земја која би организирала два шампионати по ред, со оглед на тоа дека ќе бидат домаќини на една од групите за претстојниот Евробаскет во 2025 година.

Одговорот кој ќе ја добие организацијата на овој следен голем настан во европската кошарка, ФИБА ќе го „даде“, односно објави во мај, 2025 година.

Минатата седмица, ФИБА објави дека групната фаза на женскиот Евробаскет во 2027 година, ќе се игра и во Белгија и Шведска, кои им се придружија на Финска и Литванија како организатори на 41-тп издание на Европското првенство во женска конкуренција.