Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити ја прекина низата од седум натпревари без победа. Популарните „Граѓани“ по 39 дена конечно се израдуваа совладувајќи го Нотингем Форест.
Во натпреварот од 14.коло на Премиер лигата, Манчестер Сити пред своите симпатизери го победи Нотингем Форест со 3-0.
Бернардо Силва (8) и Кеви ДеБруине (31) беа стрелци на головите во првото полувреме. Во вториот дел (57) и Доку се запиша во листата на стрелци.
За Сити ова беше осмата победа сезонава со која сега има 26 бодови, а се наоѓа на четвртото место на табелата.