Попладнево без присуство на публика на стадионите, е одиграа натпреварите од 17-отото коло во Првата македонска фудбалска лига.

На дербито во Маџари, каде се сретнаа трето и второ пласираните пред оваа рунда, Гостивар и Силекс,

ФОТО: Матејчо

Тоа го искористија нивните ривали за највисок пласман.

Тетовска Шкендија во Охрид славеше минимално над Воска спорт со 1-0 со голот на Рамадани во 51-ата минута. Со оваа победа тетовци избија на првото место на табелата пред Силекс, Гостивар и Работнички кои имаат бод помалку.

Фудбалерите на Работнички славеа на гостувањето во Струмица кај АП Брера. Во првиот дел односно 17-тата и 43-тата минута гостите преку Мазари и Демири веќе создадоа два гола предност, а во 68.минута Гандо зголеми на 3-0. Домаќините во 73.минута успеаја да го ублажат поразот со голот на Рватубаје.

„Дербито“ од дното на табелата се одигра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, каде Вардар и Тиквеш одиграа без победник. Спахиу 41.минута им донесе предност на кавадарчани. Во вториот дел вардарци притиснаа и преку искусниот Мишковски во 65.минута стигнаа до израмнување на 1-1

На Чаир, пак, шампионот Струга ТЛ загуби од домашниот Шкупи. Сенегалецот, Гуеје (17.минута) го отвори резултатот, а Асани од пенал (32) зголеми на 2-0. Судбината на шампионот беше запечатена во 74.минута кога по брзата контра Стојановски трета пат ја затресе мрежата на стружани. Гостите преку Кехинде во судиското дополнение само го ублажија поразот

Со голот на Ивановски во 18-тата минута Пелистер славеше над Беса со 1-0.

Сите голови од денешните натпревари за кратко ќе може да ги гледате на едно место (овде)

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 17 КОЛО

ГОСТИВАР – СИЛЕКС 0-0
ВОСКА СПОРТ – ШКЕНДИЈА 0-1
ШКУПИ – СТРУГА Т.Л. 3-1
ПЕЛИСТЕР – БЕСА 1-0
АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 1-3
ВАРДАР – ТИКВЕШ 1-1