Фудбалските прволигаши денеска ќе ги играта натпреварите од одложеното 17-то коло. Откако по барањето на МВР оваа рунда беше пролонгирана од неделата, за денеска, сега таа ќе се игра без публика.

Иако дел од екипите бараа одложување на последните де „есенски“ кола за напролет, сепак тоа нема да се случи.

Така, дербито од оваа коло, ќе се игра во Маџари, каде ќе се сретнат две од трите екипи кои со ист број на бодови се на водечките позиции на табелата. Трето рангираниот Гостивар ќе го пречека водечкиот Силекс.

Второ пласираната Шкендија која има сит број бодови како Силекс и Гостивар ќе гостува во Охрид кај Воска спорт тим кој се бори за опстанок.

Важни бодови во конкуренцијата за опстанок во меѓусебен дуел ќе бркаат фудбалерите на Вардар и Тиквеш кои ќе играат на арената „Тодор Проевски“.

Интересно се очекува да биде и во Струмица каде АП Брера ќе го пречека четврто пласираниот Работнички кој зад водечкото трио заостанува само два бода. Шампионот Струга ТЛ ќе гостува во Чаир, а во Битола, Пелистер е домаќин на Беса.

Сите натпревари ќе почнат од 13 часот, а ќе може да ги гледате на едно место ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 17 КОЛО

Вторник (3 декември) 13 часот
ГОСТИВАР – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – СТРУГА Т.Л.
ПЕЛИСТЕР – БЕСА
АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – ТИКВЕШ