Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски продолжува со брилијантните настапи во американската универзитетска НЦАА лига.

Јакимовски беше прв стрелец во победата на својот универзитет Колорадо во дуелот со Пацифик „Тајгерс“ со 75-66.

Кривопаланчанецот постигна 17 поени на кои додаде 4 скокови и две асистенции, а „Бафалос“ ја забележаа шестата победа.

Анндреј натпреварот го заврши со четири реализирани тројки со кои стигна до јубилејната бројка од 200 тројки во лигата.