Големото дерби во германската Бундес лига меѓу Борусија Дортмунд и Баетн Минхен заврши без победник.
Џамал Мусиала го спаси Баерн Минхен од пораз на гостувањето во Дортмунд, а популарниот „Дер Класикер“, заврши со резултат 1:1.
Борусија прва поведе уште во првиот дел во 27.та минута со голот на Џејми Гитенс.
Се делуваше како тоа дека Дортмунд ќе ги земе трите бода од „Дер Класикер”, но на сцена стапи Џамал Мусиала. Со голот по асистенцијата на Олисе во 85-та минута донесе реми.
Црна дамка на натпреварот остави повредата на Хари Кејн кој поради нејзе беше заменет во 33-та минута.
По 12 кола Баерн Минхен е сеуште лидер со 30 бода. Дортмунд се наоѓа на 5.та позиција со 20 бода.