Женската ракометна репрезентација на Македонија за малку не успеа да слави победа на Европскиот шампионат.
Во натпревар од 2.коло на „А“ групата одигран во Дебрецен, Македонија и Турција одиграа без победник со 25-25.
Нашите ракометарки први постигнаа гол, но Турчинките возвратија со два. Така беше и во наредните 10-тина минути па Турција во веќе создаде три гола предност (5-8). Откако намаливме еден гол, следуваа три во низа на противничките кои во 20,минута имаа +5 (6-11). До крајот на полувремето жолто-црвените успеаја да анулираат два од негативата, па на одмор се замина со резултат 12-15 за Турција.
Во второто полувреме односи 37.минута имаа македонските ракометарки и -пет голови заостанување. Но, тука застана низата на Турчинките кои повеќе од 12 минути не постигнаа гол но и низата на Македонките. Постигнаа шест голови во серија и во 45.минута поведоа со 21-20. Имаше Ристовска чиста контра за +2, но турската голманка успеа да одбрани. На голот ја имавме ние расположената Мицевска која фати два седмерци, па со третиот гол на Гачевска, Македонија поведе со два разлика 22-20. Турчинките сепак успеаја да стигнат до израмнување, па во последните 10 минути се влезе со 22-22.
Во брзоплетата и нервозна исполнета со многу грешки на крајот, ниту една од репрезентациите не успеа да оствари предност па мечот заврши без победник 25-25.
Капитенката Сара Ристовска со 8 голови беше нашата најефикасна ракометарка. По четири гола додадоа Ивана Џатевска и Јована Кипријановска. Одлична на голот беше и Јована Мицевска која заврши со 7 одбрани, последната на истекот на мечот.
Следен противник на македонските ракометарки ќе биде ко-домаќинот на шампионатот Унгарија. А, денеска Унгарките ја забележаа втората победа совладувајќи ја Шведска со 32-25.
Натпреварот Македонија – Унгарија ќе се игра во понеделник во терминот од 18.30 часот.