Ракометарките на Алкалоид денеска ќе ги играат првиот од двата натпревари првиот Вест Виена во 3.коло на ЕХФ Европскиот Куп.

Домашниот терен на двата натпревари што ќе се играат во Автокоманда, се можност Алкалоид да се пласира во осминафиналето.

Десниот бек Мартин Серафимов очекува поддршка од навивачите кои заедно со ракометарите би уживале во двата меча, на кои Алкалоид атакува на победи.

„Ние како играчи сме спремни да го дочекаме противникот, да ги исполниме обврските и насоките кои ни се дадени, да го прифатиме предизвикот и да го добиеме натпреварот.

Полека, но сигурно, да чекориме кон следното коло.

Очекувам да имаме поддршка на трибините од нашите навивачи и пред се да уживаат во натпреварот заедно со нас“, изјави Серафимов.

Денешниот прв меч ќе започне од 19 часот, а реваншот ќе се игра утре во истиот термин.