Бордот на ФИБА Европа, ја потврди кандидатурата на Македонија за организација на младинско Европско првенство за 2025 година.
Кошаркарската Федерација ја доби довербата на ФИБА да го организира кадетското првенство, дивизија Б, во машка конкуренција. Тоа е предвидено да се одржи во периодот од 7 до 16 август идната календарска година во Скопје.
Покрај кадетската машка репрезентација, КФСМ ги пријави за учество и кадетската женска репрезентација, двете репрезентации (машка и женска) до 18 години, како и машката репрезентација до 20 години.