Младоста на репрезентацијата си го стори своето, па можеби и не реално беше да се очекува изненадување против фаворитот Шведска.

Ова меѓу останатото по првиот натпревар на Европскиот шампионат го истакна македонскиот селектор Кристијан Грчевски.

Тој смета дека неговите избранички влегле со преголема почит кон противникот, што резултирало со бројни грешки.

Сепак Грчевски очекува неговите избранички да одиграат многу подобро веќе во следниот натпревар против Турција в сабота.

„Ќе дадеме се од себе против Турција да ја израдуваме македонската јавност,

заклучи македонскиот селектор во изјавата по натпреварот.

Извор: ЕХФ