Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе шестиот пораз во Лигата на шампионите. На гостувањето во Унгарија, а во рамките од 9.коло на „А“ групата, Е.Пелистер загуби од Веспрем со 26-33.

Уште од самиот старт Веспрем им стави до знаење на зелено-белите дека нема што да се надеваат на изненадување.

Филип Кузмановски со 6 голови беше прв во редовите на пелистерци за кои Радивојевиќ и постигна 5, а Тајник 4 голови.

Поведе домаќинот со 5-0 и оттука веќе беше јасно кој ќе се радува на победата и бодовите. Првиот дел Веспрем го доби со 20-11, а ако е за утеха во вториот подобар беше Е.Пелисѕер (13-15).

За Веспрем тоа беше осмата победа со која се зацврсти на врвот на табелата, а Е.Пелистер остана шести со 4 бодови.