На четири од петте одиграни натпревари во НБА лигата ноќеска, победија гостите. Единствениот триумф на домашен терен го оствари Феникс совладувајќи го убедливо Лос Анџелес Лејкерс.

„Санс“ кои беа посилни за Кевин Дурент и Бредли Бил кои се вратија по повредите славеа со 127-100.

Двајцата постигнаа со 23 поени, а Девин Букер со 26 поени (и десет асистенции) беше прв стрелец во победничката екипа, но и на натпреварот.За Лејкерси, Ентони Дејвис постигна 25 поени и 15 скока, Леброн Џејмс додаде 18 поени, 10 асистенции и осум скока.

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Минесота и Хјустон, а до победоа со 117-111 стигнаа гостите по продолжение.

Домашниот тим имаше шанса да оствари триумф во регуларниот дел, но Ентони Едвардс не беше прецизен. Тој натпреварот го заврпи со дабл-дабл со 29 поени со десет скока, а Џулиус Рендл со 21 поен со шест скока.

Фред ВанВлит беше најдобар кај Хјустон со 27 поени, 11 асистенции и осум скока. Тоен ефект имаше Алперен Шенгун со 22 поени, 11 асистенции и 10 скокови, а Дилон Брукс додаде 22 поени.

На останатите три натпревар, Вашингтон загуби од Чикаго со 108:127, Мајами беше поразен од Милвоки Бакс со 103:106, а Сан Антонио се радуваше на теренот на Јута со 128:115.