Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за Европскиот шампионат 2025 година. На гостувањето кај Литванија, македонската селекција загуби со 94-72.

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден брилијантен натпревар, кој поради повреда го заврши пред време.

Во првото полувреме, црвено-жолтите беа оние кои диктираа играта и го контролираа резултатот. Тоа благодарение на Ненад Димитријевиќ кој постигна 18 во првата и 10 поени во втората четвртина. Полувремето Нено го заврши си 28 поени, а Македонија со водство со 46-43.

Во третиот период домаќините по 43-48 направија серија од 9-0 и го преземаа водството. До крајот на периодот се играше кош за кош, па во последната четвртина, Литванија влезе со два поени позитива 64-62.

Во вториот натпревар од нашата група селекцијата на Полска која е ко-домаќин на Евробаскетот ја оствари првата победа. Полјаците славеа на гости кај Естонија со два поени разлика. Димитријевиќ ја одржуваше Македонија во живот се до 34-тата минута, кога по неговиот 43-ти поен, се здоби со повреда на мускулот на потколеницата. Тука „возот крена низбрдо“, па Литванците го искористија тоа и победија со 22 поени разлика.

Така бадијала останаа учинокот на Димитријевиќ кој на 43-те поени додаде и 6 асистенции и 4 скокови.

Шансите за пласман на ЕП остануваат, благодарение на победата на Полска на гостувањето ка Естонија 88-86.

За тоа да се случи Македонија ќе мора да ги добие следните два натпревари во февруари 2025-та. Првиот против Естонија ќе мора да го добиеме со најмалку шест разлика, а во последниот (дома) да ја совладаме Полска. Притоа ќе се надеваме во последното коло Литванија да ја победи Естонија.