Македонската женска ракометна репрезентација се соочи со селекцијата на Србија во рамките на „Кроација купот“, кој претставува последна подготовка за македонските ракометарки пред настапот на Европскиот шампионат. Македонија загуби од српската репрезентација со 33:21.
На почетокот се играше израмнето се до 11-тата минута кога Српската репрезентација со серија 4:0 поведе со 7:3. Македонските ракометарки успеаја да ја намалат разликата на 7:5, но Србија не дозволи израмнување и продолжи да ја зголемува својата предност. До 23-тата минута Србинките веќе имаа убедливо водство од 13:8. На полувреме српската репрезентација замина со позитива од 17:9.
Србија постепено ја зголемуваше својата предност, а во 38-та минута успеа да стигне до убедливи +10 (23:13). Нашата репрезентација во неколку наврати се обиде да ја намали негативата, но Србија не дозволи пресврт. До самиот крај, Србинките успешно ја одржуваа предноста, што резултираше со конечен резултат од 33:21.
Најефикасни од нашата репрезентација беше Седлоска со шест погодоци додека Младеновска, Ристовска и Саздовска дадоа по три гола.
Овој како и вчерашниот натпревар со Хрватска, беа последна проверка за нашата репрезентација пред настапот на Европскиот шампионат, кој започнува на 28 ноември (четврток).
Македонија ќе се натпреварува во групата „А“ во Дебрецен, каде што ќе се соочи со селекциите на Шведска, ко-домаќинот Унгарија и Турција.
Ивона Кимовска