По репрезентативната пауза и настапот на Македонија во Лигата на нациите, во недела продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.

На програмата е 15.коло во кое дербито ќе се игра во Струмица, а во Битола ќе се игра под рефлектори.

Шампионот Струга Трим Лум ќе гостува кај АП Брера, а натпреварот ќе го суди Александар Грујоски од Кичево. Во Битола, Пелистер ќе ја пречека водечката Шкендија во дуелот кој ќе го води штипјанецот Димитар Пилешков.

Освен дуелот во Битола што ќе почне од 17, останатите натпревари ќе стартуваат од 13 часот.

ПМФЛ 15.КОЛО (Недела)
АП БРЕРА – СТРУГА Т.Л. (од 13 часот)
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
РАБОТНИЧКИ – БЕСА
ШКУПИ – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (од 17 часот)