Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Хрватска во првиот свој натпревар на „Кроација купот“ во Пореч. Овој како и утрешниот дуел со Србија се последните контроли за македонските ракометарки пред настапот на Европскиот шампионат.
Во денешниот со Хрватките, македонските ракометарки загубија со 26-18.
Домашната селекција на Хрватска во раната фаза од натпреварот успеа да се одлепи и веќе во 15.минута да поведе до 9-5. На паузата меѓу двете полувремиња, Хрватските заминаа со шест гола предност 14-8. Во вториот дел противничките само продолжија да ја зголемуваат предноста, па на крајот славеа со 12 голови разлика.
Најефикасна ракометарка во нашата репрезентација беше Ива Младеновска која постигна 3 голови, a по два гола постигнаа четири наши репрезентативки.
Утре во 16 часот македонските ракометарки ќе играат против Србија.
Ова се бидат последните два теста за избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ќе бидат настапат на Европскиот шампионат што започнува на 28 ноември (четврток).
Македонија ќе игра во групата „А“ во Дебрецен, а за противници ќе ги имаа Шведска, ко-домаќинот Унгарија и Турција.