Двајцата македонски репрезентативци Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шорц славеа победи со своите екипи во натпреварите од Евролигата.
На дуелот одигран во Милано, популарните „манекени на Армани“ го совладаа Макаби со 98-86. Димитријевиќ за не цели 11,минути минати во игра, натпреварот го заврши со 11 поени и 1 асистенција. За тимот на Армани тоа е четврта победа на последните пет натпревари, а вкупно петта.
Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шорц со својот тим Париз славеше на гостувањето во Истанбул кај Анадолу Ефес со 93-84. Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со двоен учинок со 21 поен и 10 асистенции. За француската екипа тоа беше седмата победа во низа, а вкупно осма (има и 3 порази). Париз е на третото место на табелата со ист „скор“ како и Олимпијакос, а двата тима имаа една победа помалку од водечкиот Фенербахче.
Токму овие натпревари во Евролигата, беа причината поради која Димитријевиќ и Шорц го пропуштија денешниот натпревар на Македонија.
Според претходните најави од федерацијата, селекторот Јончевски, но и самиот Нено, тој би требало да биде со репрезентацијата на дуелот во Литванија закажан за недела.