Македонија претрпе пораз од Литванија, во Скопје, во квалификациите за Евробаскетот 2025-та.
Очајно одиграната прва четвртина, во кој постигнавме само 9 поени, а ја завршивме со -14, е една од причините за поразот.
Селекторот Александар Јончевски вината за тоа ја бара во критериумот кој го имаа судиите, односно агресивноста на противникот.
„Влеговме нежно и бевме изненадени од нивниот пристап.
Од она што го дозволија судиите, а тие секако можеа да го прават тоа. Сепак тие се репрезентација која доминираше во физичкиот дел.
Она што треба да го подобриме е делот од физичкиот пристап и верувам дека така ќе биде и на натпреварот во Литванија“, изјави меѓу другото Јончевски по натпреварот.
Возвратниот меч ќе се игра веќе во недела во Клаипеда.