По шеснаесет одиграни натпревари екипата на Кливленд го претрпе првиот пораз во новата сезона на НБА лигата. Гостувањето кај актуелниот шампион Бостон тимот на Кливленд беше поразен со 120-117
„Селтикс“ имаа 21 поен предност на почетокот на третата четвртина, но Кливленд ја намали предноста на минус пет до крајот. Шампионите успеаја да ја задржат таа предност до крајот и да ја забележаа третата победа во низа. „Кавалирс“ сега имаат скор 15-1, а Бостон 12-3.
Џејсон Тејтум беше апсолутно прво име на средбата со 33 коша, 12 скока и седум асистенции. За Кливленд, Донован Мичел постигна 35 со осум скока и три асистенции.