Во машкото одбојкарското првенство на Македонија се одиграа натпреварите од седмата рунда, по која само шампионот Струмица нема пораз.
Дербито се играше во Велес каде Борец ја пречека Струмица. По израмнетиот прв сет кој гостите го добија на разлика (24-26), останатите два минаа во знакот на шампионот. Струмичани на противникот му препуштија 9 во вториот и 15 поени во третиот сет. Струмица го доби мечот со чисти 3:о и ја впиша шестата победа, а Борец првиот пораз.
На еден пораз остана и Шкендија која го совлада Универзитет во Тетово со 3:0. Еден пораз има и УГД Штип кој беше слободен во оваа рунда.
На останатите натпревари од ова коло, беа постигнати следниве резултати.
Весна Пробиштип – Вардар 2:3
Скопје – Јанта волеј 3:1
Македонија Џио – Лирија 1:3
Сушево – Работнички 1:3