Кошаркарите на Работнички славеа нова победа (петта) во Првата македонска лига. Во израмнет натпревар одигран во Кавадарци, Работнички го совлада Тиквеш со 85-81.
Во првото полувреме ниту една од екипите не успеа да создаде поголема предност, а на одмор со +5 заминаа скопјани. Во третиот квартал, Работнички имаше најголеми девет предност во два наврати. Сепак во последниот кавадарчани ја надополнија негативата, по и поведоа. Во финишот се играше кош за кош, а со тројката на Ѓуровски работнички замина на недостижни +5. Во „пенал“ завршницата, мирната рака на екс играчот на кавадарчани, Дубински само ја потврди победата на гостите.
Босанецот, Полутак со дабл-дабл ефект со 20 поени и 12 скокови (имаше и 5 асистенции) беше прво име во победничката екипа. На спротивната страна, бадијала останаа 23 поени (4 скокови) на Србинот, Пантелиќ. Уште по тројца играчи во двете екипи имаа двоцифрен број на поени.
Со оваа победа барем до утре ќе „преноќи„ на 3.место на табелата со 12 бодови колку што имаат МЗТ Скопје и ТФТ. Тимот од Тафталиџе утре го игра дербито против Чаир (11 бодови), а Пелистер (11) се среќава со Шкупи (8).
Во тек е дуелот меѓу МКК Куманово и Феникс што почна од 18 часот, но беше прекинат речиси еден час.