Во натпреварот од 7.коло одигран вечерва во Куманово, домашните кошаркари славеа нова победа, но немаа со кого да се израдуваат. Тимот на МКК Куманово го совлада Феникс со 73-66, но пред празни трибини.

Имено иако салата „Перо Наков“ беше претесна да ги собере сите заинтересирани, сепак на крајој беше празна. Тоа откако во финишот на првиот дел, домашните навивачи користеа пиротехнички средства, па судиите го прекинаа мечот. Двете екипи се повлекоа од теренот, а салата беше испразнета.

Во второто полувреме, избраниците на Марин Докузовски имаа и двоцифрена предност, но му дозволија на противникот да се врати во игра. Во последниот квартал, со мал број на поени (16-11) Куманово успеа да го скрши отпорот на скопската екипа и заслужено да стигне до третата победа.

Четворица кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на поени. Најефикасне бепе Тадиќ со 22 поени (6 скокови, 4 асистенции). Со двоен ефект завршија Урош Луковиќ (17 поени и 12 скокови) и Босанецот, Радукиќ (16 поени и 18 скокови).

Утре ќе се играат уште три натпревари од ова коло, а дербито е во СЦ „Кале“ каде не поразениот ТФТ го пречекува Чаир.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО

Сабота
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 81-85
МКК КУМАНОВО – ФЕНИКС 73-66,
Недела
17.00 ГОСТИВАР – КОЖУВ
18.00 ТФТ – ЧАИР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
Четврток
ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ А. 79-110

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 12 бодови (+1 натпревар), ТФТ 12, Работнички 12, Чаир 11, Пелистер 11, МКК Куманово 10, Кожув 9, Тиквеш 9, Гостивар 8, Шкупи 8, Феникс 8, Вардар 7.